Во три еквадорски затвори убиени 79 луѓе, отсечени им се главите


 

Крвави трупови, некои без глави, нафрлани на куп за да бидат спалени.

Еквадор во средата беше згрозен од насилството кое се случи ден порано во затворите во кои војуваат наркокартели и во кој се убиени 79 затвореници.

Ова е војна на криминалните банди до истребување, рече претседателот Ленин Морено, ден по случувањето кое го нарече варварство.

Никогаш оваа мала земка со 17,4 милиони жители, меѓу Тихиот Океан, Андите и амазонската прашума,не доживела ваква криза на затворските систем.

Низата бунтови и судири избија во вторник истовремено меѓу наркобандите кои се борат за власт во затворите во Гвајакила, Куенка и Латачунга, градови во кои се сместени 70 отсто од затворениците.

Незапамтен колеж

„Ова е незапамтен колеж“, рече народниот правобранител, јавно тело за заштита на човековите права

Според најновите податоци, во средата се убиени 79 затвореници, а ранети се многу други затвореници и полицајци. Бројот не им се знае.

Куенка, третиот по големина еквадорски град со 600.000 жители, беше во шок кога тамошниот државен адвокат Леонардо Аморосо рече дека „18 трупови се со отсечени глави, а некои дри сакале и да ги запалат“.

Владата објави дека станува збор за пресметка меѓу две наркобанди.

„Ова не е случајно. Ова се однадвор организирани и одвнатре координирани напади од оние кои се борат за контрола и криумчарење на дрога на целата територија на државата“, додаде Морено.

Пред затворите членови на семејствата нестрпливо чекаа вести за своите најмили.

Властите рекоа дека најмалку четири наркобанди делуваат во затворите: Лос Пипос, Лос Лобос, Тигронес и Чоне Килерс.

Претседателот Морено повика помош од војската која „24 часа на ден ќе спроведува контрола на оружјето, експолизвот во близина на затворите, додека за тоа има потреба“.

Канцеларијата на Обединетите нации во Еквадор побара „брза и ефективна истрага“, и повика да се казнат одговорните, а со кризата да се управува во согласност со Уставот и меѓународните инструменти за заштита на човековите права.

Властите рекоа дека воспоставиле контрола во затворите.

Еквадор има 60-тина затвори со 29.000 места. Но, во нив има речиси 30 отсто повеќе казненици. На 38.000 затвореници доаѓаа 1.500 чувари, а стручњаците предупредуваат дека за да бидат делотворни треба да има 4.000.

Владата лани се обиде да го сузбие насилството во затвотие прогласувајќи вонредна состојба во време од три месеци за да може да ја распореди војската како поддршка.

Народниот правобранител вели дека во 2020 година во еквадорските затвори пријавени се 103 убиства.