Во Србија уште 11 починати, новозаразени 266


 

Во последните 24 часа во Србија од Ковид -19 починаа уште 11 лица, исто колку и вчера.

Тестирани се 7.529 лица, од кои 266 се позитивни на вирусот.

На респиратори се 120 пациенти.

Болниците во Србија се преполни со пациенти од Ковид-19 поседниве денови. Една белградска болница се наполни со пациенти за 36 часа. Таму за неполни два дена сместени се 300 пациенти, а утрово имаше само десетина празни кревети. Ништо подобра не е ни ситуацијата во Нови Пазар, каде се сместуваат пацинети и во воени шатори во дворот на болницата.

Кај нашиот северен сосед, денеска се донесени нови мерки за заштита, меѓу кои и забрана за собири на повеќе од 10 луѓе на отворено или затворено, продавниците имаат ново рабонто време, но сепак не се одлучи да се прогласи полициски час во Белград од петок до понеделник, затоа што според премиерката Ана Брнабиќ, за тоа треба прогласување вонредна состојба на цела територија, а состојбата е алармантна во помалку општини.