Во Скопје следната недела дводневен Eкономски форум на жени лидерки
Повеќе од 250 жени лидерки и бизнисменки од земјава, Португалија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Косово, Турција, Индија и Египет ќе учествуваат „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан што ќе се одржи средната следа и четврток во Скопје во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ, Скопје и Г100 Крилото за комуникација, застапување и медијација за Македонија, под глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и мисијата Г100 Милион.
Целата на настанот, како што беше соопштено на денешната средба со новинарите, е поврзување на бизнисите од сите присутни земји и поголема застапеност на жените во сите делови од животот. Работен јазик на настанот, на кој ќе има и видео обраќања од Индија и Египет, е англискиот.
-Овој високопрофилиран Форум, има за цел да ја унапреди позицијата на жените во современото општество, особено во делот на економското јакнење, намалување на родовите нееднаквости и поттикнување женско лидерство. Преку панел дискусии и дебати, докажани лидерки и лидери од Португалија, Индија, Египет, Турција, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија и Македонија ќе разменат идеи и ќе споделат најдобри практики за справување со заедничките предизвици. Форумот ќе привлече повеќе од 250 лидери, претприемачи, активисти, истражувачи и академици, што претставува ретка можност за ваше вмрежување, рече Македонка Димитрова, претседателка на организациски одбор.