Во САД убиени пет деца и еден маж
Шест луѓе, од кои пет деца, се убиени од огнено оружје во градот Мускоџи во американската сојузна држава Оклахома.
Полицијата уапси вооружен маж осомничен за злосторството, јави УСА Тудеј.
Полицијата добила дојава за нападот ноќеска во 1.30 часот откако од куќата се слушнале истрели. Полицијата таму нашла маж со пиштол, при што еден полицаец пукал кон него но не го погодил/ Тој успеал да избега од местото на злосторството, но набрзо е фатен.
Полицијата нашла тела на четири деца и еден маж, а уште едно дете починало подоцна во болница од раните добиени во нападот.
Во болница заврши и една жена, која има полесни повреди, објави полицијата.
Мускоџи е град со 38.000 жители, на околу 72 километри од Тулса.