Во пожар во ресторан во Кина загинаа најмалку 22 лица, тројца се повредени (видео)

Дваесет и две лица загинаа, а тројца се повредени во пожар што избувна во ресторан во Североисточна Кина денеска, вторник, објави државната телевизија „CCTV“, без да даде детали за причината за пожарот.
Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече пожарот „длабоко разочарувачка лекција“ и ги повика локалните власти брзо да ја утврдат причината, да ги лекуваат повредените и одговорните да ги изведат пред лицето на правдата, објави државната новинска агенција Синхуа.
Истекување на гас предизвика најмалку две силни експлозии во станбени области минатата година, во март во експлозија во ресторан во северната кинеска покраина Хебеј загинаа две лица, а 26 беа повредени, а во септември во експлозија во зграда во Јужен Шенжен загина едно лице.
22 people dead and 3 injured after a #fire broke out at a restaurant near a resettlement housing complex in Liaoyang, #Liaoning Province. The investigation is ongoing. #China pic.twitter.com/AfFQ2zPS12
— Shanghai Daily (@shanghaidaily) April 29, 2025