Во Манила утре средба Лавров – Рубио
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров потврди дека утре на маргините на Самитот на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН), што се одржува во Манила, ќе се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио.
Лавров истакна дека ќе го праша Рубио за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Украина ќе заврши за време на неговиот претседателски мандат.
Во секој случај, средбата ќе биде корисна, подобро е директно да се поставуваат прашања и да се добијат одговори, наведе Лавров.
И Рубио потврди дека ќе се сретне со Лавров.