Во Калифорнија падна воен хеликоптер, петмина мртви, еден спасен
Пет припадниви на американската морнарица прогласени се за мртви откако падна хеликоптер во близина на брегот на Калифорнија.
Хеликоптерот MH-60S се урнал на стотина километри од брегот кај Сан Диего, за време на рутински лет. Еден член на посадата е спасен, пишува Си-ен-ен.
Се спроведува истрага за инцидентот
Морнарицата ќе ги објави имињата на петте морнари кои се прогласени за мртви 24 часа откако ќе ги извести нивните семејства.
Властите соопштија дека се спроведува истрага за инцидентот.