Во Холандија запленети повеќе од 1,3 тони кокаин, скриен во зрна кафе


 

Холандските цариници открија повеќе од 1.300 килограми кокаин скриен во пратка со кафе во зрно, во ротердамското пристаниште, соопшти државната канцеларија на обвинителството.

Проценето е дека продажната вреднсот на илегалниот товар е речиси 100 милиони евра.

Контејнерот со кафе кој пристигнал од Бразил бил наменет за една компанија, велат холандските власти. Но, таа компанија веројатно не била вклучена во криумчарење дрога, објавија од обвинителството.

Пристаништето во Ротердам е едно од јаголемите места за влез на кокаин во Европа, а во 2019 година таму беа најдени околу 34.000 килограми, во неколку наврати.