Во Холандија за две недели бројот позитивни на корона седум пати се зголеми


Холандија, земја која меѓу првите во Европската унија ги попушти речиси сите мерки за заштита од корона вирусот, повторно белеќи огромен раст на новозаболени со корона вирус.

За неполни две недели дневниот број на позитивни тестови зголемен е за речиси седум пати.

Вкупно 9.398 нови случаи на заразени со корона вирус беа пријавени во јавниот здравствен институт во текот на 24 часа до неделата наутро. Тоа е намалување за 908 од саботата, кога вкупната дневна бројка достигнува ниво на оние од крајот на декември.

Просечно во текот на изминатата недела, бројот на позитивни тестови на ден изнесува 5.630, што е седум пати повеќе од просекот во претходната недела.
Процентот на позитивни тестови во регионалните тест центри, исто така, нагло се искачи на 14,2%. Бројката на заразени во неделата е помала отколку што се очекуваше, со оглед на напливот на нови случаи во изминатите неколку дена, но недела и понеделник честопати имаат пониски бројки од остатокот од неделата, поради тоа што е викенд и не се прават толку тестови.

Бројот на позитивни тестови во Холандија се зголемува откако владата ги опушти повеќето мерки за корона вирус на 26 јуни. Во петокот, владата поништи некои од тие одлуки, затворајќи ги ноќните клубови и завршувајќи ја програмата „тест за влез“ за сите.

Имено, за оваа мерка Холандија потроши 1,1 милијарда евра, а сепак се покажа како недоверлива. Така, во клуб во холандскиот град Еншад каде имало 600 посетители со ваква корона легитимација, сепак 180 се покажало дека се позитивни на корона вирусот.

Во тек е истрага како дошло до тоа, а дискотеката во меѓувреме е затворена. Сепак, овој случај не е единствен, а се верува дека бројот на нови инфекции се должи токму на клубови и дискотеки.

Најголем број од новите зарази се откриени кај младите, кај тинејџери и луѓе во своите дваесетти години, односно старосната група која е последна во планот за вакцинација.

Сепак, бројот на луѓе кои болнички се лекуваат и понатаму е поволен благодарение на степенот на вакцинација, посебно постарите и граѓаните со други здравствени ризици, кои се потполно вакцинирани.

Се поголемиот број нацинирани, донекаде влева надеж дека сценариото од претходната година нема да се повтори, а дури 85 отсто од граѓаните сакаат да се вакцинираат.

Исто така, владата препорача вакцинација на тинејџери од 12 до 18 години и ако се вакцинираат 65 до 85 отсто од нив, се смета дека ширењето на вирост ќе се намали за 30 отсто. Дури 70 отсто од родителите се подготвени да ги вакцинираат своите деца.

Интересно е што според холандскиот закон, одкулата за вакцинација ја носат самите тинејџери. Додека 16 и 17-годишниците самостојно одлучуваат, оние од 12 до 15 години одлуката ја носат заедно со своите родители, под услов да се добро информирани, а желбата на детето е пресудна.