Во Германија уапсен Босанец поради вмешаност во терористичкиот напад во Париз во 2015 година


Германската полиција уапси државјанин на Босна и Херцеговина под сомнение дека е поврзан со терористичките напади во Париз во 2015 година.

Германските власти, не откривајќи го неговиот идентитет, наведоа дека подготвуваат негова екстрадиција во Белгија.

Уапсениот се сомничи и дека е поврзан со терористички напади меѓу кои и нападот врз концертната сала Батаклан во Париз на 13 ноември 2015 години при што загинаа 150 луѓе.