Во Газа се шират сипаници, шуга и дијареа


Урнатините на Газа
 

Во изминатите 24 часа животот го загубиле 266 лица, од кои 117 се деца. Се верува дека под урнатините се наоѓаат уште илјадници лица.

Стотици преживеани утринава со часови чекаа пред пекара за купат леб.  Жителите велат дека им снемува храна, вода и основни лекови.

„Ако продолжи оваа ситуација, целото население нема да најде храна или пијалок, нема да најдеме леб или брашно, воопшто ништо. Ситуацијата се влошува. Треба да најдеме решение. Не е фер, условите на некои луѓе се толку лоши, некои луѓе се раселени и не можат да јадат или пијат“ – жител на Газа

Еден леб треба да го јадат четири семејства, а нема ниту доволно вода, вели жител на Газа.

„Се будиме во зори и шетаме по улиците барајќи вода, само за да наполниме две шишиња. Ситуацијата е трагична. Бараме од сите земји и народи да не гледаат со малку хуманост. Децата во Газа умираат поради воздушни напади, има бебиња кои умираат од глад. Нема што да ги одржува да продолжат да живеат“ – вели друг жител на Газа.

Во меѓувреме, Израел потврди дека 212 лица се држат како заложници во Газа. Израелската армија ги повика жителите на Појасот Газа да се преселат на југ, за Хамас да не ги користи како „човечки штит“.

Пораката е испратена во летоци означени со името и логото на израелските одбранбени сили, а е испратена и преку аудио пораки преку мобилни телефони низ појасот Газа.

„Вечерва ги засиливме нашите напади. Како резултат на засилените напади и точните информации што ги имаме, десетици терористи беа убиени во градот Газа и неговата околина. Покрај тоа, загина и заменик-шефот на ракетните сили на Хамас. Сето ова активноста продолжува да биде наш фокус – убивањето терористи, постарите лица како врвен приоритет, следејќи го секој кој учествувал во страшниот масакр пред две недели, кој е главен приоритет за убивање“ – рече Даниел Хагари, претставник на израелската армија.