Во Франција, бегалец од Судан, уби миграциски полицаец

Бегалец од Судан на смрт избоде со нож вработен во центарот на баратели на азил во градот По на југот на Франција, рече денеска еден полициски службеник.
Телевизијата BFM јави дека до инцидентот дошло откако на бегалецот му било речено дека неговото барање за политички азил е одбиено.
Службеникот на центарот за баратели на азил не можеше да го коментира мотивот за убиството, но рече дека суданскиот бегалев веќе некое време живеел таму.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин замина во центарот во По.
Весникот „Sudouest“ на своите интернет страници го цитираа шефот на центарот „дека жртвата бил шеф на службата за азил и дека е избоден со нож во грлото“.