Во Франција 140.000 луѓе демонстрираа против ковид-потврдите
Околу 140.000, меѓу кои 18.000 во Париз, протестираа вчера, осми викенд по ред, проитв здравствените потврди во низа француски градови, но со послаб одѕив, соопшти француското министерство за внатрешни работи.
До министерствотот пријавени се 215 собири, од кои пет во Париз. Одѕивот на протестите слабее, па пред две недели имаше 175.000, пред три 215.000, покажуваат податоците од министерството.
Ја бојкотираме здравствената пропусница
Податоците од активистичката група Жолт број засега не се достапни. Таа група минатиот викенд преброја околу 323.000 демонстранти.
„Ја бојкотираме здравствената пропусница, ќе воведеме трета доза бојкот. На крај здравствената пропусница ќе падне“, рече Флоријан Филипот, претседател на движењето.
Додека властите во средата почнаа кампања за вакцинација со трета доза против Ковид-19, кое ќе се спроведува меѓу постарите и лицата со осетливо здравје, Филипот, најави дека ќе одат доопшт штрајк ако треба против ковид-пасошот.
Протести имаше во Марсеј, Ница, Лил, Лион, Нант, Бордо и Стразбург.
Дури 67% Французи се за ковид-потврди
Изтражувањето на Одокс бекбон консалтинг, покажува дека 67 отсто од Французите се за здравствена пропусница.
Франција, која има повеќе од 67 милиони жители, брзо ќе го надмине прагот од 50 милиони кои примиле барем една доза вакцина. Дури 45 милиони, или 67,3 отсто, примиле две дози.
Властите овој викенд покренаа акција под назив „На почетокот на школската година вакцини за сите“, во рамки на која може да се вакцинираат сите без најава.