Во Европа невреме и температури под просек, во Сибир „тропско лето“


Додека во регионов беснее невреме, во северниот дел на Русија во близина на поларниот појас, измерена е температура од 31 степен Целзиусов.

Централна Европа во текот на мај е зафатена со температури кои се под просек, а во северозападна Русија е вистинска тропска жештина со температура околу 30 степени.

Во местото Којнас, во близина на поларниот појас во Русија се измерени максимални 31 степен, а во целата руска област Архангелск измерени се меѓу 25 и 30 степени.

Тие температури се значително над просекот за овој период од годината во тие делови на Русија, особено ноќите се за 15 до 20 степени повисоки од вообичаениот просек.

Температурите на воздухот во тие делови од Русија ќе останат екстремно високи од среда поради присутниот топол бран.