Во Египет жените докажуваат дека се невини, гинеколог со операција ги штити од убиство

Гинеколог од Египет, што Ројтерс ја нарекува едноставно Лејла, нуди операции за рекупнструкција на хименот за жените во внатрешноста на Египет, а на тој начин вели, спасува животи, иако своите услоги ги рекламира како „услуга за здравје и убавина“.
Во конзерватини општества како што е Египет, „недопрен“ химен е важна потврда за невионост. Невестите со уништен химен може да бидат осрамотени во нивните или семејството на сопругот, а во најлош случај може да бидат убиени, најчесто од нивни роднини.
„Ова е наша должност – да ги заштитиме девојките од убиство и од општествена стигма на која се изложени поради хименот“, вели таа за Ројтерс.
Хируршката интервенција позната како химопластика е легална во Египет, но чини колку две просечни плати, па не сите можат да си ја дозволат.
За жените во руралните подрачја како што е горен Египет, каде ставовите се обично ултраконзервативни, пристапот е уште потежок.
Здравствените услуги се ограничени и малку жени имаат пари да платат операција. Лејла редовно патува во далечни египетски провинции за да направи хименопластика за третина од цената.
„На својата Фејсбук страница објавувам кога ќе одам во некое место … Луѓето резервираат термин и јас операцијата ја вршам во нивниот дом“, вели таа.
Во последните девет години, направила 1.500 операции, а третина од нив ги направила бесплатно кај многу загрозени жени.
Египетското министерство за здравје и Националното собрание за жени, немаат податоци за бројот хименопластики или за убиствата од чест, па одбиле да дадат коментар.
Групите за човекови права велат дека на Блискиот исток и во јужна Азија секоја година илјадници жени и девојки се убиваат од членови на нивните семејства кои се лути поради перципиранат аповреда на нивната „чест“, пренесува Ројтерс.