Во Долината на смртта измерени 54,4 степени Целзиусови


 

На западот на САД жештините се ектремни, а следните денови во Калифорнија и во Невада се очекуваат рекордни температури, објави Би-би-си.

Тоа се случува по неколку недели откако жежок бран го погоди северот на земјата, кој го дожиева најжешниот јуни во историјата.

Во Долината на смртта во Калифорнија во петокот измерена е температура од 54,4 степени Целзиусови и слични жештини се чекувааѕ и викендов.

Милиони луше во САД живеат под предупредување за екстремни жештини. Националната метеоролошка слуќба на жителите им советува да пијат многу вода и да престојуваат во климатизирани простории.

Температурата во Долината на смррта во петокот се поклопи со онаа измерена во август 2020 година, за која некои тврдат дека е највисока некогаш официјално забележана на Земјата. Температура од 56,7 степени Целзиусови регистрирана е во 1913 година, но тоа го оспоруваат климаските стручњаци.

Пожарникарите, кои се борат со бројни шумски пожари во регионот, велат дека воздухот е толку сув, што повеќето вода која ја испушта авионот за гасење на пламеот испарува пред да падне на земја.