Во бура на највисоката планина во Европа, загинаа пет планинари

Петмина планинари загинаа на Елбрус, највисоката планина во Европа, откако времето одненадеж се сменило и се претворило во снежна бура, потврдија надлежните во петокот.
Елбрус, планина на северот од Кавказ во Русија, со 5.642 метри е највисока планина во Европа.
Останатите 14 членови на комерцијалната експедиција спасени се од Елбрус во тешки временски услови, со силен ветар и многу снег, со температури пониски од минус 20 степени Целзусови, соопшти регионалната служба за вонредни состојби.
Група руски качувачи пратила повик за помош во четвртокот нешто по1 7 часот. Од 14 спасени 11 се пренесени во болница.
Горските спасувачи ги спуштиле 14-те искачувачи во долината Азау. Спасувањето е изведено во најтешки временски услови, објави Горската служба за спасување. Несреќата се случила на нешто повеќе од 5.000 метри надморска висина.
Што се случило?
Под самиот врв на планината една планинарка почнала да се чувствува лошо, а водичот почнал да ја враќа назад, но починала во неговите раце.
Еден член од групата потоа скршил нога, па со носила го враќале по планината со што изгубиле мнгоу време, вели Денис Алимов, организатор на походот на Елбрус.
„Времето катастрофално се влоши, одлучивме да се разделиме во три групи, составени од побрзи и поспори членови“, објасни Алимов за агенцијата ТАСС, додавајќи дека при симнувањето до смрт смрзнале двајца членови на експедицијата, а двајца изгубиле свест и исто така, умреле.
„Но, одлуката да се раздвоиме беше добра, инаку можеше да има уште жртви“, вели тој.
Водичите претрпеле смрзнатини и други повреди, вели 48-годишниот Алимов.
Денис Алимов е сопственик на агенцијата Елбрус.Guide, која организира походи на високи планини за клиенти кои не се вешти самостојно да освојат високи врвови. Тој и неговите соработници – водичи се искусни алпинисти, коис е качувале на Химелаите и на врвот Монт Еверест.