Внимание: Овие намирници не треба да се загреваат во микробранова печка


Микробрановата печка може да биде многу корисна во домаќинството, но и многу опасна доколку на овој начин загреете некоја храна.

Експертите предупредуваат дека постојат одредени намирници кои никако не треба да се загреваат во микробранова печка.

Лути пиперки

Никогаш не подгревајте лути пиперки во микробранова бидејќи содржат капсаицин. Кога ги ставате во микробранова печка, екстремно високите температури предизвикуваат испарување на овие соединенија. Пареата што ја испуштаат овие пиперки може да биде многу интензивна и може да ви ги изгори очите и грлото.

Ориз

Повторно загреаниот ориз може да предизвика дијареа или повраќање. Оризот кој подолго од еден ден бил во фрижидерот не го подгревајте во микробранова. Подобро фрлете го.

Брокула

Брокулата се загрева исклучително брзо и често се користи за брза подготовка во микробранова печка. Но, секоја форма на готвење зеленчук убива одредена количина на хранливи материи во нив. Парењето е многу подобро, иако и тогаш се губат околу 11 отсто од антиоксидансите од брокулата. Ако се готви во микробранова печка со малку вода, брокулата ќе изгуби до 97 проценти од своите антиоксиданси.

Замрзнато овошје

Овошјето се замрзнува на посебен начин за да се задржат сите хранливи материи. Не треба да заборавиме дека овошјето почнува да ги губи својствата штом се бере, особено по подолг период на складирање. Затоа, замрзнатото овошје може да содржи повеќе витамини и антиоксиданси од свежото овошје кое се чувало долго време. Најдобро е пакувањето со замрзнато овошје да се остави на собна температура за постепено да се одмрзне.

Замрзнато месо

Некои микробранови се дизајнирани така што храната во рерната се ротира во круг за да се загрее рамномерно. Замрзнатото месо е многу тешко да се одмрзне во микробранова печка бидејќи е потребно многу време, па често се случува краевите да поруменат додека средината да остане замрзната.

Исто така, ако месото не се свари веднаш по одмрзнувањето, ризикувате да се размножуваат бактериите во него. Јапонските истражувачи откриле дека ако месото се готви подолго од 6 минути во микробранова печка, губи голема количина на витамин Б12.