ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за енергетика, бара Владата да го поддржи
ВМРО-ДПМНЕ не е задоволно од мерките што ги презентираше премиерот Димитар Ковачевски за надвинување на енергетската криза и бара тие да се прошират. Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска достави барање до Собранието за одржување итна седница за предлог-законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ кој се однесува на Законот за енергетика и бара Владата, а и СДСМ, да го поддржат.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на прес-конференција во Собранието рече дека „во мерките кои Ковачевски ги презентираше слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи. Но, случајно или не, ги изостави воодстопанските и комунални претпријатија кои поради виоските цени на електрична енергија имаа проблем со ликвидноста и може да доведе до повисоки сметки на домаќинствата и стопанството“.
Тој нагласи оти бараат целосно, а не парцијално прифаќање на нивниот предлог и уште рече дека Владата препишала делови од предлог-мерките што ги понудило ВМРО-ДПМНЕ.
Мицевски рече дека има условување од страна на премиерот Ковачевски во однос на денешната седница за пратенички прашања со четирите предлог закони, односно она што вчера било понудено – законот за енергетика од Владата, кој, како што посочи Мицевски, не е стигнат во Собранието, законот за нафта и нафтени деривати кој исто така не е стигнат и кризните состојби и задолжување во ЕБОР.