ВМРО-ДПМНЕ за Кастриот Реџепи: Вака изгледа уценет човек


Вака изгледа уценет човек кој има многу противречности во својата приказна и човек на кој личниот интерес му е пред колективниот, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по појавувањето на пратеникот на Беса, кастриот Реџепи на прес конференција во Собранието.

-Ако ДУИ и СДСМ се европската вредност во која Кастриот  Реџепи верува тогаш Европска Унија ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ.Кастриот Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности.Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот ниту се демократски, ниту се европски, туку се режимски.

Власта која Кастриот привремено ја спаси го изгуби легитимитетот да владее со Македонија и нивниот пад е неизбежен. Реалноста е дека граѓаните се одлучија за промени и затоа единствен излез од оваа криза и единствен спас за Македонија се брзи предвремени избори после кои ќе се формира стабилна влада која ќе ја извади Македонија од оваа безизлезна ситуација и ќе тргнеме напред, стои во реакцијата на опозициската партија.