ВМРО-ДПМНЕ се брани: Жугиќ е реномиранa актеркa со импозантна биографија


ВМРО-ДПМНЕ ја брани одлуката на Данела Арсовска за член на управен одбор на МКЦ да ја предложи Јелена Жугиќ, која остана позната по повикот со гумени куршуми да се одговори на протестот на учесниците во „Шарената револуција“. 

– Јелена Жугиќ е истакнат македонски актер, реномиран првенец на Театар Комедија.Taa има добиено награда за најдобар млад глумец во 1996 година, а во 1997 година на Националниот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп  награда за најдобра глумечка креација. Награда од истиот тип добива и во 2001 година.

Жугиќ има добиено и награди како Златна Бубамара на популарноста во 2009 година, како и награди за најдобра женска улога во 2011 и 2012 година од страна на Националниот театарски фестивал Војдан Чернодрински.Таа има голем број на филмски и театарски улоги. И е човек со импозантна биографија.

СДСМ се уплашени од откривањето на криминалите кои се направени овие години во градот Скопје и за тоа панично и хистерично реагираа за членовите во Управните и Надзорните одбори. Но криминалот и недомаќинското работење ќе испаднат на површина и за секој криминал ќе има одговорност.