ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во Кисела Вода со циркусот „Северна“
Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, порачаа со соопштение од СДСМ околу потпишувањето на свечените изјави на советниците на документи со старото име Република Македонија.
-По Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода. Со непочитување на уставното име на државата во Општина Кисела Вода ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот.
Свечените изјави каде намерно не е наведено уставното име се нелегитимни и истите не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата кои ја напуштија седницата на Советот.СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години, порачаа од СДСМ.