ВМРО-ДПМНЕ: Помилувањето на Нинџа е награда за пресудените 200 години затвор


И ВМРО-ДПМНЕ реагира на објавената листа за помилувања тврдејќи дека „режимот на СДСМ и ДУИ“ пресудил над 200 години затвор заради изјавата  на Александар Василевски-Нинџа, а тој ќе шета слободен по улиците. 

-Над 200 години затвор, Нинџа помилуван од Пендаровски на предлог на Маричиќ и на Заев. Ова е сликата за неправото и неправдата во Македонија со СДСМ/ДУИ. Помилувањето на Нинџа доаѓа на барање на министерот Бојан Маричиќ, чие што Министерството за правда на Бојан Маричиќ овој документ го има испратено до кај Стево Пендаровски!  Обидот за префрлање на вината е лага, бидејќи СДСМ, Заев, Маричиќ и сите други инволвирани точно знаеле што прават и кој се е на списокот за помилување. Ова е цената за изјавите и сведочењата на Нинџа за над 200 години затвор. Изјавите на Василевски Нинџа беа клучен и наводно несоборлив доказ за обвинителството и за судот за спроведување на политички прогон. Тоа беше улогата и употребната вредност на Александар Василевски-Нинџа, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, желбата и намерата на СДСМ/ДУИ да го помилуваат Нинџа е доказ за сите наводи и посочувања за монтирани случаи, за некредибилност на постапката, за некредибилност на доказите, некредибилност на сведочењата и целосна некредибилност на сведоците, што всушност беше оспорувано и докажувано и во текот на политички монтираните судски процеси.