Владејачките партии во Италија се уште без договор
Политичките партии што ја сочинуваат Владата на Италија и кои имаат технички мандат се уште немаат постигнато договор, иако рокот истекува вечерва.
Главниот спор е помеѓу популистичкото Движење пет ѕвезди и партијата Вива Италија на поранешниот премеир Матео Ренци. Движењето е протв прифаќање на една милијарда евра позајмица од Европска Унија за здравствениот систем, стравувајќи оти со тоа Италија ќе биде положна на диктатите на ЕУ, пред се за мерките за штедење. Популистите сакаат да го задржат загарантираниот минимален приход за невработените и за Италијанците со мали приходи, што е едно од препознатливите обележја на нивната власт.
Додека Ренци инсистира дека Италија треба да ја прифати помошта од ЕУ за здравстевниот систем и го критикува механизмот на минимален приход како неефикасен.
Италија е во нова политичка криза откако премиерот Џузепе Конте на 26 јануари понесе оставка бидејќи не обезбеди стабилно мнозинство во Сенатот откако Вива Италија му ја ускрати довербата. Како причина за повлекување од владејачката коалиција партијата на Ренци го наведе спорот за начинот за трошење на повеќе од 200 милијарди евра од фондот на ЕУ за заздравување од пандемијата со Ковид-19.
Претседателот на Италија, Серџо Матарела на 29 јануари го задолжи претседателот на Долниот дом на Парламентот, Роберт Фико да утврди дали партиите од досегашната владејачка коалиција можат да формираат нова одржлива коалиција. Фико, кој е висок функционер на Движењето пет ѕвезди до вечерва треба да поднесе извештај за напредокот за формирање на нова влада. Потоа Матарела треба да одлучи дали Конте ќе биде мандатар или ќе се формира ново парламентарно мнозинство или пак ќе се распишат вонредни избори.