Владата ја презеде организацијата за дочек на хрватските ракометари – Томпсон ќе пее


Владата, во соработка со Хрватската ракометна федерација, ќе организира прием за ракометарите кои освоија бронзен медал на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб во 18 часот и ги покани сите граѓани да се приклучат, потврди министерот Тончи Главина.

„Градот Загреб рече не на дочекот, не на ракометарите, не на спортот, владата вели да“, рече Главина.

Кога го прашаа дали Томпсон ќе настапи, тој рече дека сите желби на ракометарите ќе бидат исполнети.

Претходната година, дочекот на ракометарите беше организиран во соработка меѓу Владата, Градот Загреб и Ракометната федерација и протече во најдобар ред. 

Годинава, Градот Загреб го откажа доќекот, затоа што ракометарите барале на дочекот да пее Марко Перковиќ Томпсон, на кој му е забранет настап со одлука на Советот од ноември лани.

„Бронзените“ хрватски ракометари не беа дочекани во Загреб – барале Томпсон да им пее