(Видео) УФЦ: Волкановски по трет пат успешно го одбрани појасот, „корејскиот Зомби“ за малку ќе заспиеше на нозе

Александар Волкановски остана шампион во перо категорија победувајќи го Чан Сунг Југн на УФЦ 273


Александар Волкановски, Австралиецот со македонско потекло, остана шампион на УФЦ во лесна категорија, во едно од најдоминантните првенствени шоуа што можеа да се видат во последните години. Чан Сунг Јунг во ниту еден момент не успеа да му се закани, а на почетокот на четвртата рунда судијата доволно виде и ја прекина борбата.

Волкановски беше подобар борец во текот на целата борба. Се движеше феноменално и погодуваше во вистинските моменти, што само му нанесуваше се поголема штета на корејскиот противник. Веќе на средина на рундата првпат посериозно го затресе, но немаше можност да ја прекине борбата, а рундата ја заврши со рушење што потврди дека и овде има предност.

Тој го направи истото во втората рунда, продолжи да удира прецизно во редовни интервали, повторно имаше разнишан предизвикувач во средината на рундата, но ако нешто може да се признае за „Зомби“, тоа е цврстината. До крајот на рундата беше забележан уште еден пад и штета нанесена на  подот.

Ништо ново немаше ни во третата рунда . Единствено што Волкановски го подигна темпото и беше се поубедлив. До крајот на рундата тој удри со страшно десно кроше, по што можеше да биде готово, но времето истече и Чан Сунг Јунг уште еднаш беше спасен.

Но, немаше спас по 45 секунди во четвртата рунда. Чистите удари во брадата на Кореецот продолжија и судијата Херб Дин оцени дека видел доволно. Борбата беше прекината, а ова е трета успешна одбрана на титулата за Волкановски и 11-та победа во исто толку настапи на УФЦ.