(Видео) Терористички напад на Нов Зеланд – шестмина се ранети

Полицијата на Нов Зеланд објави дека денеска застрелала и усмртила маж кој со нож ранил шест лица во трговски центар во Окленд.
Премиерката Џасинда Ардерн потврди дека се работи за терористички напад и рече дека напаѓачот бил инсириран од Исламска држава.
„Напаѓачот инспириран од ИСИС избоде шест луѓе во супермаркет во Окленд пред полицијата да го убие“, рече Ардерн.
Порано и полисијата с еогласи по повод нападот.
„Полицијата може да потврди дека маж влегол во супермаркетот „Њу лин“ и повредил повеќе луѓе. Полицијата го пронајде и пукаше во него. Тој почина на местото на настанот“, се наведува во полициското соопштение.
Снимките објавени на интернет прикажуваат купувачи како во поаника истрчуваат од трговскиот центар и бараат засолниште. Полицијата опремена со тешко оружје и службата за итна помош се на местото, јави Ројтерс.