(Видео) Што покажа средбата на Путин со Шојгу: Стуткан и се држи за масата. „Тој е во депресија“
Веќе се шпекулираше за здравјето на Путин, а сега се шпекулира дека неговата состојба се влошила од почетокот на војната во Украина. Снимката од вчерашната средба со министерот за одбрана, велат некои, докажува дека ниту едниот, ниту другиот не се добро.
Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу вчера ги договорија понатамошните планови за Мариупол. Веќе се шпекулираше за здравјето на Путин, а сега се шпекулира дека неговата состојба се влошила од почетокот на војната во Украина. Снимката од вчерашната средба со министерот за одбрана, велат некои, докажува дека ниту едниот, ниту другиот не се добро.
На вчерашната средба рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу се договорија за натамошните планови за Мариупол.
Путин ѝ нареди на армијата да се откаже од нападот на фабриката за челик „Азовстал“, но рече и дека сака фабриката за челик да биде херметички затворена.
Средбата беше пренесена на руската телевизија, но еден детал им падна во око на многумина. Држењето на Путин поттикна шпекулации за неговото здравје, кое според некои се влошило по почетокот на војната на 24 февруари. Путин на видеото беше стуткан, цврсто држејќи го аголот на масата со десната рака. Не го испушти, пишува The Telegraph.
In social networks, people noticed that #Putin, at a meeting with #Shoigu, sat all the time in an unnatural position, grabbing the table with his hand and not letting go.#Ukraine pic.twitter.com/LCz44KJbF9
— Alex Patrushev (@Magnifyingglas_) April 21, 2022
Андерс Аслунд, шведски економист и поранешен советник на руската влада, рече дека снимката покажува дека и Путин и Шојгу се „депресивни и со лошо здравје“, преенесува Дневник.хр.
„Шојгу мора да ги чита неговите коментари на Путин и тешко му е да зборува, што сугерира дека гласините за срцев удар веројатно се вистинити. Лош перформанс“, додаде тој.
Ова не е првпат тој да шпекулира за здравјето на Путин. Многумина веќе пишуваа дека лицето му е отечено, што се препишуваше на земање стероиди за лекување на некоја болест. Во овој контекст беа спомнати гротескно големите маси на кои примал странските гости и епидемиолошките службеници. Путин веројатно се плаши од инфекција, се шпекулираше, поради ослабен имунитет. Неодамна се појави гласина дека Владимир Путин постојано е придружуван од лекар специјализиран за рак на тироидната жлезда.
И за Шојгу е зборуваше дека исчезнал и доживеал срцев удар.