(ВИДЕО) Пожар во електроцентрала во близина на Москва, пламените јазици високи 50 метри
Во гасната електрана во близина на Москва денес избувна голем пожар, објави ТАСС. На местото на настанот се излезени противпожарни служби, а во гаснењето се вклучени и два хеликоптера, пренесува РТ.
На видеата што се објавени на социјални мрежи се гледа пожарот кој се крева на небото, дури 50 метри во височина.
Првично се соопштува дека осум лица се повредени, јавуваат руските новински агенции.
На ТЭЦ в районе Мытищ жарко: там смачно полыхает ГИГАНТСКИЙ ОГНЕННЫЙ СТОЛБ высотой в 50 метров. О пострадавших пока не сообщается pic.twitter.com/8aAkMBIAs6
— Лента.ру (@lentaruofficial) 11 јули 2019