(Видео) Повторно хаос во Лондон, уапсени десетици демонстранти
Активисти кои се борат против климатските промени ги блокираа денеска главните приоди во Лондон и предизвикаа колапс во сообраќајот.
Полицијата соопшти дека уапсила 38 лица.
Околу 50 активисти од групата „Заштитете ја Британија“, која сака владата да вети дека ќе обезбеди заштита за 29 милиони домови во земјата, го блокираа тунелот „Блеквол“ во источен Лондон, како и улиците на северот и на западот од престолнината.
Како што пренесе Ројтерс, до пладне, градската полиција на Лондон соопшти дека уапсила 38 луѓе кои го блокирале сообраќајот и го нарушувале јавниот ред.
„Сметаме дека протести од овој вид се незаконски и работиме што побрзо да ги минимизираме пречките кои ги имаа учесниците во сообраќајот“, напиша полицијата на Твитер.
Оба е 11 акција на групата „Заштитете ја Британија“ во последно време, а и претходно незјини активисти блокираа патишта и крстосници во Лондон.
Владата во неделата соопшти дека ќе го смени посточекиот закон за да ги заостри казните за блокирање патишта, па така активистите може да се соочат со неограничена парична казна или со шестмесечен затвор.