(Видео) Последниот танц на Кирил Лазаров за Нант – Merci King Kiril


Македонскиот ракометар Кирил Лазаров вчеравечер го одигра претпоследниот натпревар во својата кариера на клупски план, последен пред домашната публика во Нант.

Вицешампионот на Франција со победа испрати пет ракометари и тренерот Ентрериос, по што беше организирана прославата.

Нант уште во претходното коло го обезбеди второто место па победата над Тулуз 32:18 нема големо значење.

Лазаров во вториот постигна три гола (два со спекталарни цепелина) и подели уште неколку одлични асистенции за соиграчите.

 

За време на викендот следи финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант, што ќе биде последен натпревар во сезоната и последен натпревар во кариерата на Лазаров.