(Видео) Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао изнесен од Конгресот на Комунистичката партија
Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао беше изнесен од церемонијата за затворање на Конгресот на Комунистичката партија во Пекинг. Ху (79) со изнемоштен изглед седеше покрај претседателот Шји Џинпинг кога официјални лица му пријдоа и го изнесоа надвор. Не беше дадено објаснување.
【胡锦涛动作显示不自愿地被带离场】
【拒绝"被搀扶"、试图再坐下、拍打李克强手臂、习近平反应冷淡】
法新社画面显示,工作人员首先拿起了胡锦涛的眼镜,当尝试搀扶他时,胡锦涛右手缩回去,然后胡锦涛伸手拿习近平枱上的文件,工作人员即时制止。之后习近平头部转向相反方向,没有再理会胡锦涛。 pic.twitter.com/Y32PJyksP1— 自由亚洲电台 (@RFA_Chinese) October 22, 2022
Еден вработен се обиде да го фати за рака поранешниот претседател, но тој одби. Лицето потоа се обидело да го повлече да стане, но тој продолжил да се спротивставува.
Потоа очигледно се обидел да земе некои документи кои изгледале дека му припаѓаат на актуелниот претседател. Потоа имало разговор од околу една минута помеѓу вработениот и Ху Џинтао.
Ху Џинтао на крајот беше убеден да ја напушти салата, очигледно против негова волја. Држејќи го за рака, вработените го извадија од салата. За таа акција не е дадено официјално објаснување.
Ху Џинтао, кој беше претседател помеѓу 2003 и 2013, беше на сцената кога му пријдоа двајца функционери. Тој му кажа нешто на Шји Џинпинг, кој кимна со главата. Потоа Ху беше изнесен надвор од Големата народна сала.
По својот еднонеделен конгрес, партијата се очекува да го потврди Ши (69) за историски трет мандат како лидер. Конгресот, кој се одржува во Пекинг на секои пет години, ја зацврсти неговата позиција како најмоќен кинески лидер од Мао Це Тунг.