(Видео) Плажите во Калифорнија полни – како да не е пандемија


Голем број луѓе поради летните температури заминаа на плажите во Калифорнија покрај апелите на властите да продолжат да ги практикуваат мерките за социјално дистанцирање.

Илјадници луѓе во текот на викендот се најдоа на плажите во Њупорт и Хантингтон, покрај наредбите да останат дома.

Полицијата во Пацифик Гроув ја затвори плажата, затоа што се створи гужва и луѓето не го почитуваа ограничувањето, а во Сан Диего три лица се уапсени затоа што протестираа за затворањето на плажата.

Плажите на Лос Анеџелес, како и патеките и игралиштата се затворени, а полицајци на коњи патролираа на тие места за да проверат дали се почитуваат правилата за дисциплина.

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом се осврна на искушенијата кои многу жители на Калифорнија ќе ги имаат со доаѓањето на топлото време, пренесе Скај њуз.

Тој на Твитер напиша: „Калифорнија може да продолжи со свиткување на кривата само ако останеме дома и ако го почитуваме физичкото дистанцирање. Имате моќ буквално да спасувате животи“.