Видео од потерата по спортскиот коментатор Милојко Пантиќ, возел со 1,73 промили алкохол во крвта


Полицијата на Србија потврди дека Милојко Пантиќ, познат српски коментатор е приведен и пратен на трезнење, откако со 1,73 промили алкохол во крвта возел во спротивна насока и удрил во џип на интервентната единица во Нов Белград, а потоа побегнал по „Бранков мост“.

За „Танјуг“ потврдиле дека синоќа околу 23.30 часот во полициска станица приведен е Пантиќ (72), затоа што возел во пијана состојба.

Патролата на Интервентната единица го стигнала Пантиќ кој возејќи во спротивна насока избегал од местото на несреќата, а полицијата утврдила дека вози во пијана состојба. Алкотестот покажал 1,73 промили алкохол во крвта.

Нему му било одредено задржување до отрезнување.

Тој утрово е пуштен од полиција, а за „Блиц“ рекол дека бил на свадба и дека малку се напил, но дека не се случило ништо страшно.