(Видео) Новата шведска министерка за здравство се онесвести на крајот од прес-конференцијата

За време на прес-конференцијата на која шведската влада ја претстави својата нова министерка за здравство, новоназначената министерка се онесвести и падна од подиумот откако го заврши својот говор


Шведскиот премиер Улф Кристерсон, заедно со други владини претставници, ја претстави новоназначената министерка за здравство, Елизабет Лан од Христијанските демократи, на јавноста на денешната прес-конференција. Токму кога министерката го завршуваше својот говор и им го предаваше зборот на другите на сцената, таа одеднаш ја изгуби свеста, се струполи на подиумот и со него летна на подот.

Претседателката на нејзината партија Еба Буш веднаш ѝ притрча на помош, а по неа следеа уште двајца членови на кабинетот. Министерката потоа беше изведена од салата од обезбедувањето, но се врати набргу потоа. „Не беше само обичен вторник, а тоа може да се случи кога шеќерот во крвта ќе ви падне“, објасни министерката, која очигледно не била повредена при падот, објави 24ur.

https://twitter.com/i/status/1965429818809528349

„Изгледаше навистина лошо. Падна точно пред мене“, рече новинар на DN.

Министерката Лан беше општински советник во Гетеборг пред да биде назначена на оваа позиција. Назначувањето дојде откако нејзиниот претходник, Ацко Анкарберг Јохансон, ненадејно поднесе оставка од функцијата министер еден ден претходно.