(ВИДЕО) Меркел повторно се тресеше, овој пат на средба со финскиот премиер


Германската канцеларка Ангела Меркел беше забележана како повторно се тресе за време на уште еден дипломатски состанок, овој пат на церемонијата за пречек на финскиот премиер Анти Рин додека се изведуваа химните на двете земји.

Меркел пред извесно на церемонија за именување нов министер за правда, стоејќи до претседателот Франк-Валтер Штајнмајер, повторно се тресеше. Германските медиумите тогаш објавија дека Меркел по половина час пристигнала во парламентот и изгледала добро.

Слична сцена се случи и 10-ина дена претходно на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.