(Видео) Голема поплава во Гранд Кањон. Спасени 100 луѓе, пронајдено тело на планинарка
Вчера, покрај реката Колорадо беше пронајдено телото на планинарка која исчезна за време на поројните поплави во националниот парк Гранд Кањон. Властите започнаа операција за спасување на повеќе од 100 луѓе за време на поплавата.
Операциите за пребарување и спасување започнаа во четвртокот, кога силна поплава ја однесе планинарката Ченоа Никерсон (33) во паркот Хавасу Крик. Туристичка група денеска го пронашла нејзиното тело во близина на реката Колорадо.
Националната гарда на американската сојузна држава Аризона во саботата поради опасен порој евакуираше 104 туристи и членови на племето Хавасупаи со хеликоптер UH-60 Blackhawk. Поплавите беа предизвикани од монсунските бури, а властите во четвртокот ја затворија погодената област и започнаа евакуација.