(Видео) Еруптира Етна, затворен главниот аеродром на Сицилија


 

Аеродромот „Катанија“ на Сицилија, Италија, ги сопре сите летови во средата, откако еруптира вулканот Етна и ја прекри пистата со вулканска пепел, соопштија од аеродромот.

Авионите утворо не можеа ни да слетаат, ни да полетаат, наведуваат од аеродромот.

Етна, во последните неколку недели, повеќепати еруптираше, но ретки се извештаите за некоја поголема штета или повредени.

Повремено паѓа пепел и пукаат прозорски стакла од татнежот на вулканот за време на ерупцијата.

https://www.youtube.com/watch?v=1-ri3G98GzU

Етна исфрла пепел со километри високо

Етна, висока 3.300 метри, последните неколку дена исфрла лава и пепел, најчесто од својот југоисточен кратер, наведува Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Институтот, исто така, забележа повремени ерупции на североисточната страна.

Вулканот фрла пепел пет до 10 километри нагоре, стои во извештајот на Институтот.