(Видео) Експлозија во супермаркет во Русија, можно е да има луѓе под урнатините

По експлозија на гас што се случи во еден супермаркет во рускиот град Владикавказ, повредено е едно лице и предизвикана е голема материјална штета.
Властите во Владикавказ, главниот град на Северна Осетија, потврдија дека едно лице е повредено и дека најверојатно се работи за ноќниот чувар. Можно е уште едно лице да останало затрупано под урнатините по експлозијата, бидејќи зградата е потполно урната, пренесе ТАСС.
Супермаркетот во кој се случила експлозијата бил затворен за купувачи кога се случила несреќата.