(Видео) Експлозија во централата на „Лидл“ во Германија


 

Три лица се повредени во централата на компанијата „Лидл“ во Германија, кога една пратка експлодирала.

Полицијата го блокираше влезот во Управната зграда во Хајлброн, а повредените се итно пренесени во болница.

Од централа се евакуирани повеќе од 100 работници, а како што пишуваат светските медиуми, надлежните се сомневаат дека експлодирало писмо-бомба.