(Видео) Експлозија на Тајланд, евакуирани илјадници
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/07/eksplozija1.jpg)
Илјадници жители на периферијата на главниот град на Тајланд се евакуирани, а пожарникарите со часови се бореа со пожарот по експлозијата во фабрика, во која загина спасувач, а повредени се 29 луѓе, велат надлежните.
Жителите на провинцијата Самут Пракан, кои живеат во радиус од пет километри од фабриката во сопственост на тајванската фирма се евакуирани поради претпазливост, објаснија властите.
„Куќата се тресеше како до земјотрес“
Локалните власти објавија дека 70 куќи се оштетени, а пожарникарите го гасеа пожарот најмалку девет часа, од експлозијата која се случи во понеделникот рано наутро.
Причината сѐ уште не е утврдена.
„Од прво ми се пристори дека е гром. Потоа само чув силен удар и куќата некое време се тресеше како да има земјотрес“, вели жител на Баитонг Нисарат.
Фабриката за експандирана полистиренска пена оддалечена е 5 км од главниот меѓународен аеродром во Банкок.
Сепак, летовите се одвиваат тековно и по распоред.