(Видео) Бурата Елса пред Њујорк – поплави и хаос на патиштата


Неколку станици на метрото во Њујорк се поплавени, а отсечени се и неколку патишта, пред доаѓањето на бурата Елса, која се движи по источниот дел на САД, откако Флорида ја засипа со дожд и ветар.

Меѓу 5 и 10 см вода паднаа во низа бури проследени со грмотевици над градот и околните подрачја во четвртокот попладнето, соопшти Националната метеоролошка служба. „предизвикувајќи опсежни поплави на одредени места“. Патниците на подземната железница објавија на Твитер видеоснимки од поплавени перони на станицата на 157 улица северно од Менхетен. На снимките се гледа како патниците до појас во вода поминуваат низ мрачен базен за да стигнат до пероните на станицата.

Според директорката на Управата за јавен превоз, некои станици се целосно поплавени, а главни сообраќајници кои водат до Бронкс, привремено се затворени, а сообраќајот е отежнат. Њујоршката полиција објави снимки од автомобили заробени во вода.

Предупредија дека поплавите може да потраат до петок наутро, кога се очекува да пристигне бурата Елса, која се движи од Флорида. Покрај работата на заштита на градот по ураганот Сенди 2012, во кој загинаа 44 луѓе, а американската економска престолнина беше парализирана со денови, за Њујорк поплавите и понатаму се опасни, а се очекува тие да бидат почести поради климатските промени.