Велосипедизам: Егон Бернал на интензивна нега, имаше операција на ’рбетот по тежок пад на тренинг

Освен дислоцирани пршлени Егона Бернал имаше скршениците на десната нога и капата на коленото, како и колабирано белодробно крило


Колумбиецот ги освои по еднаш Тур де Франс и Џиро де Италиа

 

Двократниот победник на Гранд тур велосипедски трки, Еган Бернал, останува на интензивна нега откако му беше извршена операција на ‘рбетот по тешката несреќа што ја доживеа додека тренираше во неговата родна Колумбија.

25-годишниот Бернал беше подложен на повеќекратни операции по несреќата, при што лекарите работеа на санирање на скршениците на десната нога и капата на коленото, како и колабираното белодробно крило. Победникот на Тур де Франс од 2019 година оттогаш имаше дополнителна операција за поправка на дислоцирани пршлени на ‘рбетот. Во соопштението од Клиниката Универзидад де Ла Сабана во Богота се вели дека операцијата „го задржала недопрена невролошкиот интегритет и ја зачувала функционалноста на вклучените сегменти“.

„Ќе го чекаме неговиот напредок во следните 72 часа на Одделот за интензивна нега за да го видиме одговорот на текот на лекувањето воспоставен за оваа високоенергетска траума“, се додава во соопштението. „Веднаш го започнавме процесот на рехабилитација за да постигнеме најдобри можни резултати со нашиот пациент“.

Извештаите во Колумбија велат дека Бернал удрил во паркиран автобус додека возел со голема брзина блиску до неговиот дом во Богота.

Британскиот тим „Гренадирс“, чиј член е Бернал, издаде своја изјава во понеделникот вечерта, во која не даде детали за повредите, но рече дека тој бил свесен кога медицинскиот персонал на тимот го префрлил во болница. „Тој е стабилен и е подложен на дополнителна проценка“, се вели во соопштението.

Додека поголемиот дел од тимот на „гренадирите“ тренира во Европа, Бернал остана во Колумбија за да се подготви за претстојната сезона, возејќи заедно со мала група соиграчи, вклучувајќи го и поранешниот шампион на Џиро д’Италија, Ричард Карапас.

Бернал, кој ја оствари својата втора победа на Гранд Тур на минатогодишното Џиро, потпиша нов петгодишен договор со „Гренадирс“ на почетокот на овој месец и ги постави своите амбиции повторно да се насочи кон Тур де Франс ова лето.