Велика Британија со построги санкции против работодавците кои ги експлоатираат странците


Велика Британија воведува построги санкции против работодавците кои експлоатираат странски работници.

Компаниите кои постојано ќе ги прекршат визните правила или ќе извршат сериозни прекршувања на законите за работни односи, како што е неисплаќање на минималната плата, нема да можат да ангажираат странски работници две години. Тоа е повеќе од сегашните 12 месеци, соопшти Владата.

Велика Британија отвори нова визна рута за работни места во сферата на социјалната грижа во 2021 година за да ги пополни илјадниците слободни работни места, но голем број фактори, вклучувајќи ги ниските плати и лошите работни услови, ги направија работниците мигранти во секторот поранливи на трудова експлоатација.

Речиси една третина од сите работници ангажирани во сферата на социјалната грижа во Англија се мигранти од земји како Индија, Нигерија, Зимбабве и Филипините.

Новата студија овој месец покажа дека речиси 200 даватели на социјална грижа во Велика Британија на кои им е дозволено да вработуваат странски работници, било откриено дека ги прекршиле законите за вработување.

Од јули 2022 г досега се укинати околу 450 дозволи кои им дозволуваат на работодавците да ангажираат странски работници во сферата на социјалната грижа, забележуваат агенциите.