Велика Британија минатата година ја напуштиле милион луѓе


 

Велика Британија во пандемската 2020 година изгубила рекорден број странски работници, покажаа податоците од британската статистичка канцеларија ОНС, која напоменува дека проценката треба да се земе со резерва поради прилагодените мерки за собирање податоци.

Во периодот од октомври до декември 2020 година во Британија вројот на странски работници во споредба со истиот период претходната година е намален за 795 илјади покажале податоците на ОНС, објавени во вторникот.

Извештајот покажа и одлив на речиси милион странски граѓани постари од 16 години, родени надвор од Британија.

Според податоците на ОНС, главнината на одливот во минатата година го чинат работници родени во земјите од Европската Унија.

Британија забележа најмногу смртни случаи поврзани со корона вирусот во Европа и најголем пад на стопанството меѓу европските земји. Особено тешко беа погодени секоторите како угостителскиот, кои вообичаено вработуваат голем број странски работници, потсртува Ројтерс.

Новите проценки се темелат на официјална анкета за состојбата на британскиот пазар на труд, а не на клучни податоци за миграциите чие собирање е сопрено поради пандемијата.

Една причина за овие податоци да се земат со резерва е тоа што податоците се собирани исклучиво по телефон, а не од врата на врата како што претходно се правеше.

Коментирајќи ги податоците професорот по економија и политики од Универзитетот во Лондон, Џонатан Потес, вели дека податоците упатуваат на заклучок за масовна миграција.

„Не се сомневам дека сведочиме на најголем одлив на луѓе во поновата историја“, рече тој.
Според него, тешко е да се процени дали работниците ќе се вратат кога пандемијата ќе заврши.
Не верува дека милион Британци би се вратиле во земјата.