Вархеји очекува да се најде решение за спорот на Македонија и Бугарија


ЕУ мора да продолжи со политиката на проширување кон Западен Балкан, вели еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Тој наведе уште една причина зошто проширувањето е важно. 

„Другиот инструмент што го имаме е Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој мора да се спроведе колку е можно поскоро“, изјави Вархеји.

Вархеји рече дека по изборите во Софија и во Скопје ќе се направат сите напори за решавање на отворените прашања и формално започнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија до крајот на оваа година.

Според пишување на „Албаниан пост“, францускиот претседател побарал што поскоро да се реши македонско – бугарскиот спор, и земјава да почне преговори со ЕУ. 

Има позитивни сигнали од Бугарија, дека е можно решение и отстранување на ветото за старт на преговори. Победникот на изборите во Бугарија најавува нов, модерен пристап кој наместо на историјата, фокусот на прашањето ќе го премести на областите во кои лежи конкретна соработка.