Вакцините штитат од бразилскиот, проблем јужноафриканскиот сој


 

Според нова студија од британскиот Универзитет во Оксфорд, постоечките вакцини можат да заштитат од бразилската мутација на вирусот, а сојот кој првпат е пронајден во Јужна Африка во моментот претставува најголем проблем за производителите на вакцини, пренесе Ројтерс.

Научниците во ова истражување користеле примероци од крв на луѓе со антитела кои се генерирани и со инфекција од Ковид-19 и со вакцини Оксфорд/АстраЗенека и Фајзер/Бионтек, кои се користат во Британија.

Ројтерс пренесува дека податоците од студијата покажале тројно намалување на нивото на вирусната натурализација со антитела кои генерираат вакцини за варијанатата P.1 Бразил, случно како на намалувањето видено кај сојот кој прв пат е идентификуван во Кент, Британија.

„Овие податоци сугерираат дека антителата предизвикани по природен пат и со вакцина и понатаму ги неутрализираат оние мутации, но на пониски нивоа. Важно е дека бразилскиот сој можеби е помалку отпорен на овие антитела откаколку што првично се стравуваше“, порачуваат од Универзитетот Оксфорд.

Ројтерс пренесува дека мутацијата која прв пат е идентификувана во Јужна Африка, покажува значително поголемо намалување на неутрализацијата на вирусот, кое е деветпати кај вакцината „Оксфорд/АстраЗенекаs, а 7,6 пати помало кај примената на вакцината Фајзер/Бионтек.

Британските автори на студијата сугерираат дека развој на вакцина против јужноафриканскиот сој, познат како B.1.351, треба да биде најголем приоритет за научниците кои се занимаваат со развој на вакцини во светот, наведува агенцијата.