Вакцинирањето во Европа како кечап во шише – прво ништо, па се’ наеднаш


Се’ уште недостасуваат вакцини, но за само неколку недели ситуацијата ќе биде сосема различна. Тогаш ќе има толку многу дози што ќе биде огромен логистички предизвик да се дадат. Колку добро се подготвени земјите од ЕУ?

Многу европски земји ги олабавија корона-ограничувањата, Германија за неколку дена одлучува дали ќе биде продолжен локдаунот или не. Колку брзо ќе се нормализира животот во земјата и на целиот континент зависи од едно централно прашање: кога ќе бидат вакцинирани доволен број лица за да се стекне колективен имунитет? Берлин и Брисел шират оптимизам: засега немало доволно вакцини, но од вториот квартал се’ ќе се променело на подобро, се вели. Со испораката на вакцините во ЕУ е како со кечап во шише – прво нема ништо, потоа се’ излегува одеднаш. За само неколку недели ќе има наплив од вакцини. Затоа фактичкиот предизвик гласи: да се направи логистичка поддршка за вакцинирањето за да може и огромни количества од вакцините да се дадат во краток рок. Тоа што моментално го гледаме во Европа, не дава многу основа за надеж. Многу земји од ЕУ се чини не се снајдоа најдобро ни со малите количества од првиот квартал, меѓу нив и Германија.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука