Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е ефикасна со само една доза


Жена во САД прима вакцина на „Џонсон и Џонсон“ за време на третата фаза на тестирањето (Фото: АП)

Петтата вакцина, направена од американската компанија „Џонсон и Џонсон“, покажа ефикасност против коронавирусот и може да ги трансформира изгледите за заштита и на светското население, затоа што ѝ треба само една доза.

Вакцината, направена од подружницата „Јансен“ на американскиот гигант со седиште во Холандија, беше пробана во Велика Британија – а британската влада купи 30 милиони дози. ЕУ пораша 400 милиони дози.

Компанијата рече дека има 72% ефикасност во спречувањето на ковид во САД, но помала стапка од 66% е забележана на глобално ниво во големото испитување спроведено на три континенти и против повеќе варијанти.

Резултатите од испитувањата беа многу очекувани, бидејќи вакцината „Јансен“ може да се даде како единечна инјекција. Тоа значи дека залихите ќе одат понатаму, а особено во земјите со пониски приходи, програмата за имунизација ќе биде полесна бидејќи нема потреба од втора инокулација по три или 12 недели.

Резултатите објавени неодамна од раните испитувања покажаа дека вакцината активирала добар имунолошки одговор. Само една доза предизвикала неутрализирачки титри на антитела кај 96% и одговори на Т-клетки кај најмалку 80% од вакцинираните волонтери.

„Јансен“ во принцип се согласи да снабди до 500 милиони дози за Ковакс системот, иницијатива на ОН за испорака на вакцини во посиромашните земји. Тоа е втора најголема нарачка за Ковакс по вакцината на „АстраЗенека“. (Гардијан)