Ужас во Италија: Мал авион се урна на автопат, сè е снимено од надзорните камери


Ултралесен авион се урна на пат на северот од Италија, поточно во близина на Бреша, а во таа прилика загинаа две лица.

Според италијанските медиуми, авионот полетал од Пјаченца и се урнал недалеку од Бреша. Веднаш по ударот, авионот се запалил. Во моментот на катастрофата, два автомобила се разминувале на патот, чии патници не биле сериозно повредени.

Во авионот биле миланскиот адвокат Серхио Равалја (75), сопственик на авионот, и неговата партнерка Ана Марија Де Стефано (50). И двајцата загинале.

Полицијата и обвинителството започнале истрага, но било посочено дека во вакви ситуации, кога станува збор за мали авиони, многу е тешко да се утврдат причините за несреќата.

„Врз основа на првичните информации што ги имаме, не постојат процедури за овој тип ултралесни авиони што мора да се следат пред полетување или за време на летот. Останува да се види дали постои дупка во законот што му дозволувала на сопственикот на авионот да лета без никаква контрола“, весникот го цитира италијанскиот обвинител Франческо Прете.